Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски утре ќе го има својот прв настап на Челинџер 75 турнирот Macedonian Open 2023. Тој во првото коло ќе игра против големата надеж на хрватскиот тенис Дино Прижмиќ, кој има 17 години и се наоѓа на 295.место на АТП листата што е негов најдобар пласман во кариерата. Двајцата тенисери добро се познаваат од причина кога Калин Ивановски е во Загреб тренираат во ист клуб. На денешниот прес Ивановски за настапот во Скопје и за ривалот во првото коло истакна.
- Среќен сум што ќе играм на еден ваков силен турнир во Скопје. Ќе дадам се од себе да имам што е можно подобар резултат. Поголемиот дел од учесниците ги познавам. Со Дино добро се познавам од причина што често и играме еден против друг кога сум во Загреб, а добро се познаваат и нашите тренери. Би сакал и Централниот терен да биде исполнет и посакувам љубителите на тенисот да ми дадат поддршка. Играњето пред домашната публика е мотив плус за добар резултат, изјави Калин Ивановски.
Мечот Ивановски – Прижмиќ е втор на Централниот терен утре (вторник), што значи дека ќе чекаат да заврши претходниот меч меѓу Миљан Зекиќ и Нермин Фатиќ.