Почетокот на новата година, воедно и почеток на нова недела значи и нова ранг-листа на АТП. Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски новата година ја почнува од 325. то место со скок од едно место во однос на минатата недела со ист број поени – 159. Горазд Србљак има 10 поени и се наоѓа на 1057. то место и има пад од пет позиции. Трет македонски тенисер со сингл ранг е Обрад Марковски – 1.453.то место со 3 поени и има скок од едно место.
Во конкуренција на двојки Ивановски има исто така напредок за едно место и се наоѓа на 674. то место со 71 поен. Берк Бугариќ е на 1.349.то место со 16 поени (пад за две места), додека Обрад Марковски е рангиран на 1.756.то место со 7 поени (пад за пет места). Ранг во конкуренција на двојки има и Елдин Хусеиновиќ – 2.123.то место со три поени (пад за две места).