Исланд е денешниот ривал на македонските тенисерки

June 22, 2023

По одличната игра и вчерашната победа над Финска македонските тенисерки денеска ќе играат против репрезентацијата на Исланд. Ова ќе биде дуел против селекција која треба да се победи, а воедно и нешто полесен ривал во пресрет на утрениот дуел со Молдавија за обезбедување на првото место во групата и саботното финале.

Исланд е на 98.то место на ранг листата на Били Џин Кинг купот, а ние имаме една победа од 2:1 против овој ривал 2018 година, кога Марија Еленова и Катарина Маринковиќ ги победија Софија Солеј Јонасдотир (20 години, 4 учество) и Ана Софија Гронхолм (29 години, 9.учество). Токму и овие две тенисерки од Исланд се присутни во Скопје и настапија на сите мечеви во сингл. Постигнаа една победа против тенисерките од Азербејџан и имаат два пораза од Молдавија и Албанија.

Распоред на мечеви од 4.коло по терени:

Централен терен: Македнија – Исланд (Б група)

Терен број 5: Кипар – Ерменија (А група)

Терен број 6: Луксембург – Сан Марино (А група)

Терен број 7: Молдавија – Азербејџан (Б група)

Терен број 8: Финска – Албанија (Б група)

Табела Б група: Македонија 3-0 (победи-порази), Финска 2-1, Молдавија 2-1, Албанија 1-2, Исланд 1-2, Азербејџан 0-3.

Табела А група: Кипар 2-0, Ерменија 2-0, Луксембург 1-1, Црна Гора 1-2, Сан Марино 0-3.

Мечевите почнуваат во 10 часот.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани