Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски постигна победа во мечот од првото коло на фјучрсот во Сетубал што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Тој го победи „стариот познаник“ Французинот Саша Вајенбург (кого го совлада во финалето на скопскиот фјучрс) со 2-0 во сетови (64 64) за 1 час и 27 минути игра. Македонскиот тенисер имаше 3 брејка од четири можности, а противникот еден од две можности.
Првиот сет беше изедначен со постојано водство на Вајенбург, кој прв сервираше во сетот. Во осмиот гем беа одиграни 12 поена, а Ивановски спаси една брејк топка. Во следниот гем беше и првиот брејк на мечот за македонскиот тенсиер, кој поведе со 5:4 во гемови. Потоа следуваше и десеттиот гем, на сервис на Ивановски, а успеа да ја реализира дури 4.та сет топка, откако водеше со 40/0.
Во вториот сет по 2:1 во гемови Французинот направи брејк и поведе со 3:1, но Калин сепак се врати и со ри-брејк намали на 3:2, а потоа изедначи на 3:3. По 4:4 во деветиот гем македонскиот тенсиер повторно направи брејк за водство од 5:4 и во десетиот гем на свој сервис ја искористи третата меч топка за 6:4 во сетот и победа од 2-0.
Во второто коло Ивановски, кој е носител број 3 ќе игра со победникот од мечот на протугалските тенисери Франциско Роча и Дуарте Вале (од кого загуби на претходниот турнир во Поругалија).
На фјучрсот во Сетубал Ивановски настапува и во игра на двојки со Елдин Хусеиновиќ, а во првата рунда утре ќе играат против вторите носители Треј Хилдебранд и Ноа Шахтер од САД.