Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски на денешното рангирање на АТП листата бележи пад од четири места и сега се наоѓа на 335 место со 155 поени. Другите двајца македонски тенисери кои имаат ранг Горазд Србљак и Обрад Марковски бележат скок од пет места со истиот број поени од претходната недела. Србљак е на 1127 место со 8 поени, а Марковски е на 1222 место со 6 поени.
Во конкуренција на двојки Ивановски е на 611 место (пад од 19 места) со 82 поени или четири помалку. Марковски во конкуренција на двојки е на 1002 место со 32 поена, додека Берк Бугариќ се наоѓа на 1309 место со 16 поени. Ранг во двојки има и Србљак 1670 место со 7 поени.
Оваа недела на фјучрс турнирот во австрискиот град Крамсах Ивановски е рангиран како втор носител, а заедно со Елдин Хусеиновиќ ќе игра во конкуренција на двојки. Шендрит Деари пак се бори за влез на главниот турнир на фјучрсот во Нови Сад има победи во две квалификациски кола: Никола Јовановски 2-0 (64 62) – 1.коло и Милан Дриниќ (46 75 10-4) – 2.коло. Во финалето од квалификациите ќе игра против Захарије Зак Талиќ од Австралија.