Пласманот во второто коло на Челиџерот во Братислава и победите во квалификациите на македонскиот тенисер Калин Ивановски му донесоа скок на АТП листата (26.позиции) и тој сега со 176 поени (15 нови) се наоѓа на 305.то место, што е нагов најдобар ранг (досега 306.то место му беше најдобрата позиција). Ивановски од денеска настапува на Челинџер 50 турнирот во Хамбург. Попладнево во првото коло игра против холандскиот тенисер Јеле Селс (449.место, 28.години).
И другите македонски тенисери кои имаат ранг имаат скок на листата. Горазд Србљак се наоѓа на 1072.то место со 10 поени или има скок од седум места, додека Обрад Марковски е на 1485.то место со скок од осум места, а остана со три поени.
Во конкуренција на двојки македонските тенисери имаа мал пад. Ивановски е рангиран на 633.то место со 79 поени – пад од пет места. Берк Бугариќ е рангиран на 1361.то место со 16 поени (пад од 13 позиции), додека Марковски е без промена на 1483.то место со 13 поени, додека Елдин Хусеиновиќ е рангиран на 2129.то место (пад од четири места) со три поени.