Македонскиот тенисер Калин Ивановски успеа да избори пласман на главниот турнир на Челинџерот 125 што се игра во Братислава. Тој во финалните квалификации го совлада победникот на годинашново издание на Macedonian Open Унгарецот Мате Валкуж со 2-0 во сетови (63 75) за 87 минути игра. Турнирот се игра за награден фонд од 145.000 евра.
До триумфот Ивановски стигна благодарение на искористените брејк шанси во мечот 3/6 за разлика од ривалот, кој имаше 1/4, а притоа Ивановски имаше и 7 ас сервиси, а Валкуж 2. Во вкупниот број поени скорот е 68:56 за македонскиот тенисер.
Во првиот сет по 3:2 за Ивановски во шестиот гем тој направи брејк и за водство од 4:2. Првите сет и брејк топки Калин не ги искористи во осмиот гем кога Валкуж успеа да ги спаси, а во следниот гем без загубен поен на сервис македонскиот тенисер го доби сетот со 6:3 во гемови. Во следниот гем Ивановски со брејк во петтиот гем поведе со 3:2, но следеше единствениот брејк на Унгарецот за 3:3. Во 11.тиот гем Ивановски направи уште еден брејк, а во следниот гем повторно без загубен поен го доби гемот со тоа и сетот со 7:5 и мечот со 2:0 во сетови.
Во првото коло од главниот турнир Ивановски ќе игра против искусниот Германец Петер Гојовчик (34 години, 392.место АТП), кој во финалните квалификации беше поуспешен од Акира Сантилан од Австралија со 2-0 во сетови (62 62). Германецот Гојовчик е победник на овој турнир во 2014 година.
Мечот се игра утре како втор од програмата на теренот број 3.