Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски постигна голема победа откако во мечот од првото коло на Челинџерот 100 во романскиот град Јаши го победи домашниот тенисер Николас Давид Јонел со 2-1 во сетови (46 76(4) 62) притоа успеа да спаси две меч топки во вториот сет. Мечот траеше три часа и седум минути.
Во следното коло Ивановски ќе игра против уште еден романски тенисер Филип Кристиан Јиану (21 година, 312 место на АТП листата).
Во првиот сет беше изедначено до 2:2 во гемови кога Јонел успеа да направи брејк и поведе со 5:2, сепак Ивановски успеа да направи брејк и да намали 5:4. Во 10.тиот гем Ивановски беше на сервис, но Јонел повторно направи брејк за 6:4. Ивановски од четири брејк шанси искористи само една, а Јонел имаше 2/2 за водство од 1:0 во сетови.
Во вториот сет повторно беше без брејк до осмиот гем кога сервисраше Ивановски и при водство од 4:3 Романецот направи брејк и поведе со 5:3. Ивановски во следниот гем направи ри-брејк за 5:4 за противникот. Во 10.тиот гем македонскиот тенисер успеа да спаси и две меч топки и тука го навести пресвртот, откако изедначи на 5:5. Сепак вториот сет беше решен во тај брекот кој му припадна на Ивановски со 7:4 на поени. Двајцата тенисери имаа по еден брејк: Калин 1/1, а Николас Давид 1/7.
Во овој период по 11 гем во вториот сет медицинска помош бараше Јонел, а во третиот сет и Ивановски.
Во решавачкиот сет првите четири гема беа со одземен сервис на противникот и резултат од 2:2, со тоа што Јонел водеше со 2:1, а Ивановски со целосна контрола направи серија од пет гема и го доби сетот со 6:2 и мечот со 2:1 во сетови откако ја искористи третата меч топка. Во овој сет Ивановски имаше четири брејка, а Јонел два.
Неговиот следен противник Јиану го победи седмиот носител Енцо Куаку од Франција со 2-0 во сетови (62 61). Мечот е утре повторно во вечерниот термин не пред 18 часот по македонско време на Централниот терен.