Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски успеа да се пласира во второто коло на фјучрсот во Скопје откако во стартното коло по голема борба го совлада Тибо Колсон од Белгија со 2-1 во сетови (46 62 64). Утре во второто коло ќе игра против Ален Бил од Хрватска кој со 2-0 во сетови го победи Ханс Алберт Шуберт од Чиле.
Во првиот сет Ивановски по 3:3 во гемови успеа да направи брејк, но потоа Колсон со серија од три гема го реши сетот во своја корист со 6:4. Сепак нашиот играч брзо се созема и во следниот сет буквално доминираше по 2:1 во гемови брзо стигна и до 5:1, а белгискиот тенисер успеа само да освои уште еден гем во стеот за 6:2 и изедначување на 1:1.
Во решавачкиот сет Ивановски на почетокот направи брејк и поведе со 2:0, а предноста ја имаше и во продолжението на сетот до 4:2, кога Колсон со брејкот успеа да изедначи на 4:4. Сепак Ивановски брзо се врати и направи ри-брејк, а потоа во 10.тиот гем ја искористи втортата меч топка за конечна победа.