Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски не успеа да ја мине првата пречка на квалификациите на Челинџер турнирот Троа 50 откако поуспешен од него беше Италијанецот Џузепе Треска со 2-0 во сетови (64 76(0)). Мечот траеше 92 минути, а карактеристично е тоа што имаше дури 11 брејка во 22 гема.
На почетокот на мечот двајцата тенисери го освојуваа гемот на свој сервис, до резултатот 2:2 кога Ивановски направи брејк и поведе со 3:2. Но, противникот се врати во игра со два брејка и три освоени гема за водство од 5:3. Ивановски направи уште еден брејк за 5:4 за Треска, но Италијанецот беше подобар и во следниот гем и го доби сетот со 6:4.
Во вториот сет сосема поинаква слика четири брејка во првите четири гема за 2:2. Првиот гем на свој сервис го освои Треска, а по водството од 4:2 на противникот успеа да изедначи на 4:4. Во продолжението на мечот тенисерите пак го освојуваат гемот на свој сервис, до тај-брекот, кој му припадна на Треска и со тоа го доби мечот.