Македонскиот тенисер Калин Ивановски го загуби финалето од квалификациите на Челинџер турнирот Роверето 100. Тој во мечот за „влез“ во главниот турнир загуби од Романецот Богдан Павел со 2-0 во сетови (62 75) за 75 минути игра.
Противникот на Ивановски подобро го стартуваше мечот и веднаш направи брејк за водство од 1-0, а потоа имаше уште еден брејк во првиот кој успеа да го добие со 6:2 во гемови. И почетокот на вториот сет беше во знакот на ривалот кој поведе со 2-0, но потоа следуваа и најдобрите моменти од мечот за Ивановски, кој направи пресврт и поведе со 5-2 во гемови. Сепак противникот успеа да дојде до еден брејк, што значеше изедначување од 5-5. Набрзо потоа направи уште еден брејк и вториот сет го доби со 7-5 вогемови.
Ивановски за пласманот во финалето од квалификациите освои два поена, а следниот настап ќе го има на Челинџер 100 турнирот во португалскиот град Маја, следната недела.