Калин Ивановски и третпат во својата кариера се наоѓа на 305.то место на АТП листата што воедно е и негов најдобар ранг во кариерата. Македонскиот тенисер ваквиот напредок и скок од 18 места го направи со победите во квалификациите и настапот на главниот турнир на Челинџерот во Јокохама и на денешеното рангирање има 10 поени повеќе (од претходното рангирање) или вкупно 174.
Од другите македонски тенисери Горазд Србљак, кој изминатиов период имаше настапи на фјучрси во Грција забележа пад за седум места и се наоѓа на 1047.то место со 10 поени (без промена), додека Обрад Марковски е 1463.ти со три поени и скок од две места.
Во конкуренција на двојки македонските тенисери немаат промени во освоените поени. Ивановски се наоѓа на 648.то место (скок две места) со 75 поени, Берк Бугариќ е на 1341.то место (скок шест позиции) со 16 поени, Марковски е на 1466.то место (скок за пет места) – 13 поени, додека Елдин Хусеиновиќ е на 2104.то место со 3 поени (пад за четири места).