Македонскиот тенисер Калин Ивановски не ја мина првата пречка на Чилинџер 100 турнирот во полскиот град Грожиск Мазовиецки. Тој во првото коло по голема борба загуби со 2-1 во сетови (64 16 64) од Романецот Мариуш Цопил. Мечот беше изедначен во најголемиот тек, а во вкупниот број поени Романецот освои три повеќе од Ивановски 85:82. Сепак решавачки беше процентот на искористените брејк топки. Ивановски имаше 3/9, а Цопил 3/7.
Првиот сет му припадна на Романецот со 6:4 во гемови, а клучниот брејк го направи во првиот гем на сервис на Ивановски кога поведе со 1:0 и таа предноста ја чуваше до крајот на сетот. Вториот сет на убедлив начин го доби македонскиот тенисер, кој поведе со 5:0 со два брејка и потоа сетот го заврши со 6:1 во гемови.
Решавачкиот сет донесе голема борба. Цопил имаше брејк предност и водство од 3:1 и 4:2, сепак во седмиот гем по 14 поени Ивановски го врати загубениот гем на свој сервис и потоа изедначи на 4:4. Сепак последните два гема ги освои Романецот која на сервис на Ивановски (во 10.гем) имаше две меч топки, кои македонскиот тенисер ги спаси, а потоа третата меч топка Цопил ја искористи и го доби мечот.
Следниот турнир Ивановски ќе го има во Мајорка, Шпанија од 29.август.