Двајца македонски тенисери во сингл и еден еден во двојки ќе имаат настап денеска во рамките на скопскиот фјучрс што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Калин Ивановски кој носител број 4 за ривал го има квалификантот од Хрватска Ален Бил (20 години, без АТП ранг. Хрватот го игра најдобриот тенис оваа година токму во Скопје, бидејќи успешно ги мина квалификациите и за пласманот во второто коло ќе добие и еден поен. На претходните турнири имаше само настапи во квалификциите што му донесоа 5 ИТФ поени. Во кариерата досега Ивановски има скор 67-50 (победи-порази), додека Бил е со скор 20-18.
Во првото коло на фјучрсот во Скопје Калин Ивановски го победи Тибо Колсон од Белгија со 2-1 во сетови (46 62 64).
На патот до дуелот со Ивановски, Бил во квалификациите ги победи:
1.коло квалификации: Борис Стојановиќ (Србија) 61 61
2.коло квалификации:: Јоханес Прамер (Австрија) 61 61
3.коло квалификации:: Вељко Крстиќ (Србија) 64 62
1.коло: Ханс Алберт Шуберт (Чиле) 63 61
Вториот македонски тенисер кој ќе настапи денес ќе биде Горазд Србљак, кој за ривал го има носителоѕ број 5 Ерги Киркин од Турција. Србљак и Киркин имаат одиграно и еден меч досега на ИТФ турнир во Србија во 2018 година. Победа од 2-0 во сетови (64 64) има турскиот тенисер.
Србљак (25 год., 1133 АТП ранг, 432 ИТФ ранг) оваа година има едно четвртфинале на турнир во Куршумлијска Бања каде имаше неколку настапи, додека Киркин (24 год., 473 АТП ранг) има победа на турнирот во Добој во средината на месец мај. Во досегашниот скор Србљак има 183 – 167, додека Киркин има скор 180 – 128. Тенисерот од Турција најдобриот ранг го имал на 25.јули 2022 година кога бил 270-ти на АТП листата.
Во првото коло Србљак во „македонската пресметка“ го совлада Томслав Јотовски со 2-0 во сетови (60 62), додека Киркин имаше водство од 1-0 во сетови и на почетокот на вториот сет Доминик Граф од Германија при 1:0 во гемови го предаде мечот.
Настап во двојки ќе има и Обрад Марковски заедно со Вито Тонејц, кои ќе играат против третите носителиЈанаки Милев и Петр Нестеров од Бугарија.
Ивановски својот меч ќе го игра на Централниот терен како трет од програмата, но не пред 13:30 часот, Србљак ќе игра на теренот број 5 но не пред 11 часот, додека Маровски исто ќе биде присутен на теренот број 5 и не пред 13 часот, но притоа ќе мора Тонејц и Нестеров да ги завршат своите мечеви во сингл и по пропишаниот одмор да се појават на терен.
Фото: Игор Паневски
Горазд Србљак
Обрад Марковски