Ивановски запрен во финалето од квалификациите на Челинџерот во Бергамо

October 30, 2023

Македонскиот тенисер Калин Ивановски е поразен во финалето од квалификациите на Челинџерот во Бергамо откако денеска загуби од искусниот 35-годишниот Михаил Кукушкин од Казакстан со 2-1 во сетови (36 76(2) 64) за 2 часа и 30 минути игра. Ивановски водеше со 1-0 во сетови, а потоа противникот вториот сет го освои во тај брекот и мечот беше решен во решавачкиот сет.

Во првиот сет Ивановски брејкот го направи во осмиот гем за водство од 5:3 и сетот го заврши со 6:3. Во вториот сет и двајцата тенисери имаа по два брејка. Ивановски поведе со 1:0 со брејкот, а потоа водеше и со 2:0, но следуваше серија на Кукушкин. Прво изедначи на 2:2, а потоа поведе и со 4:2. Сепак македонскиот тенисер изедначи на 4:4 и сетот се решаваше во „13.та игра“. Во тај брекот Кукушкин поведе со 5:1 на поени што се покажа како клучно.

Во третиот сет резултатот беше нерешен до 2:2, а во петтиот гем на сервис на Ивановски беа одиграни 16 поени и на крајот гемот го освои Кукушкин за водство од 3:2. Таа предност Казакстанецот ја зачува до крајот на сетот, кој го освои со 6:4.

Ивановски во мечот имаше 20 асови, но искористи три од 10-те брејк топки, додека ривалот искорити 3 од седумте брејк шанси.

За пласмаот во финалето од квалификациите Ивановски ќе освои два поена.

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани