Калин Ивановски успеа да ја мине првата пречка на фјучрс турнирот во австрискиот град Крамсах. Тој во првото коло го совлада Петер Голдстејнер од Австрија со 2-0 во сетови (61 60). Турнирот во Крамсах се игра за награден фонд од 25.000 долари.
Ивановски,кој е рангиран како втор носител во следното коло ќе игра против уште еден домашен тернисер Сил Гаџери(18 години), кој на турнирот настапува со вајлд карта и во првото коло беше подобар од својот сонародник Грегор Хаусбергер со 2-0 во сетови (63 62).
Во конкуренција на двојки Ивановски заедно со Елдин Хусеиновиќ утре ќе играат против италијанско-американската комбинација Томасо Карневале Мино и Сем Лејпидес.