Ивановски елиминиран во второто коло во Братислава

October 12, 2023

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер 125 турнирот во Братислава, Словачка што се игра за награден фонд од 145.000 евра. Поуспешен од македонскиот тенисер денеска беше Американецот Мартин Дам (20 години, 330 место АТП) кој со 2-0 во сетови (63 64) за еден час и три минути избори четвртфинале.

Ивановски по успешно минатите квалификации (две победи) оствари триумф и во првата рунда и за пласманот во второто коло ќе освои 11 поени и 2.345 евра.

Денешниот ривал на Ивановски одлично сервираше во текот на целиот меч и забележа 15 аса, додека македонскиот тенисер имаше 4. Воедно Дам искористи две од четирите брејк топки, а Ивановски имаше 0/1. Во првиот сет првата шанса за брејк ја имаше Ивановски во третиот гем, но не ја реализираше, а потоа Дам брејкот го направи во четвртиот гем кога поведе со 3:1 и предноста ја зачува до крајот на сетот. Во вториот сет брејкот беше во третиот гем кога Дам дојде до водство од 2:1 и сетот заврши со 6:4 во гемови.

 

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани