Без ниту еден загубен гем најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски стигна до четвртфиналето на фјучрсот во Скопје откако за 53 минути игра го совлада Хрватот Ален Бил со 2-0 во сетови (60 60). Тој утре за противник ќе го има Мирза Башиќ од БиХ, кој со 2-1 во сетови денеска го победи Петр Нестеров од Бугарија.
За Ивановски денешниот меч беше еден вид тренинг особено што мечот траше помалку од еден час. За доминацијата на Калин најдобро зборува податокот што скорот на освоени поени беше 52:20, со искористеност на брејк топки 6/9, додека Бил немаше ниту една брејк топка во мечот.
За Хрватот Бил ова беше прв поен во кариерата.
Двојки за четвртфиналето:
Калин Ивановски (4) – Мирза Башиќ
Миљан Зекиќ (1) – Ерги Киркин (5)
Неил Оберлеитнер – Саша Вајенбург (3)
Вито Тонејц – победникот Лазар Војиновиќ / Тоби Мартин
Фото: Игор Паневски