Нов предизвик ќе има македонскиот тенисер Калин Ивановски оваа недела. Тој е дел од Челинџер турнирот Грожицк Мазовиецки 100 што се игра во Полска за награден фонд од 118.000 евра.
Нашиот тенисер во првото коло ќе го чека ривалот, бидејќи неговиот противник ќе биде познат по квалификациите што се играат денеска и утре. Тоа бо значело дека Ивановски мечот од првото коло најверојатно ќе го игра во вторник.
Турнирот се игра на тврда подлога, а први носител е Томас Махац од Чешка, кој е рангиран на 106.место на АТП листата.