Калин Ивановски по двете победи во квалификациите на Челинџер 75 турнирот во Кобе го дозна името и на противникот во првото коло. Јан Баи од Кина (34 години, 393.АТП ранг) ќе биде од другата страна на мрежата во мечот што е трет на програмата на теренот Ц во вторник во утринските часови по македонско време.
Баи на главниот турнир влезе како „среќен губитник“. Тој во квалификациите во првото коло го победи Артур Вебер од Франција со 2-0 во сетови (62 64), додека за влез на главниот турнир загуби од Ендрју Фенти од Австралија со 2-1 во сетови (46 63 64).
Ивановски во двете квалификациски кола оствари победи над јапонските тенисери. Во првото коло беше подобар од Риуки Мацуда со 2-1 во сетови (67(2) 62 62), додека во квалификациското финале го совлада Џејмс Тротер исто со 2-1 во сетови (57 76(5) 64).