Големата надеж на македонскиот женски тенис Зара Зафировска (16 години) имаше серија успешни настапи на турнирите од крајот на јуни и почетокот на јули месец. Таа настапи на турнири во Србија (Ниш) и во Бугарија (два во Софија). На трите турнири македонската тенисерка одигра вкупно пет финални мечеви, а победи на два во двојки, каде играше уште едно финале. Притоа беше финалистка на два завршни меча во поединечна конкуренција.
Дема Куп во Софија (категорија 2) беше последниот турнир, а на патот до сингл финалето Зафировска од првото коло до полуфиналето победи четири тенисерки од Бугарија, но го загуби финалето од Анастасија Цветковиќ од Србија. Токму Цветковиќ беше тенисерката со која Зафировска победија во двојки, откако ги совладаа тенисерките од Бугарија Валерија Гарневска и Андреја Глушкова.
Една недела претходно Зафировска настапи и на Лулин Куп во Софија (категорија 3) каде во сингл финалето загуби од Валерија Гарневска, притоа во полуфиналето ја совлада првата носителка Јулија Марија Букулеи од Романија. Притоа покажувајќи максимална концентрација и мотивација и при водство на противничката од 1-0 во сетови, го добива тај брекот во вториот сет и во решавачкиот е доминантна (6:1). Во двојки со Анастасија Барзакова од Бугарија ја победија бугарско-романската комбинација Гарневска и Јулија Марија Букулеи.
Првиот од трите турнири Зара го играше во Ниш (Ниш опен категорија 2). Сингл мечевите ги заврши во полуфиналето по поразот од Анастасија Цветковиќ од Србија, но затоа пак со Гаја Ѓуричковиќ од Србија беа дел од финалето каде загубија од првите носителки Лана Вирц и Теодора Влајиќ од Србија.
Успесите на овие три турнири ја промовираа Зара Зафировска на 14.то место во трката за Монте Карло (недела 30 во 2023 година), додека на ранг листата за тенисерки до 16 годии се наоѓа на 124.то место во Европа.
Она што е познато е дека љубителите на тенисот во текот на следниот месец (август) ќе имаат можност да ја гледаат Зара и на терените на ТК Југ каде ќе настапи на четири јуниорски турнири (два Ј60 и два Ј30) за тенисерки до 18 години.