Започнува долгоочекуваниот Macedonian Open 2023 – ATP Challenger 75

May 18, 2023

Добропознатиот, а кај нас и долгоочекувани ATP Challenger 75 Skopje започнува официјално на 20ти мај – сабота во ТК ЈУГ – Градски Парк Скопје. Турнирот кој кај нас за прв пат се игра со награден фонд од 80.000 УСД ќе ги донесе во Македонија врвните тенисери од 200 до 300 место на АТП Ранг листата. Во битката за повеќе АТП поени ќе учествува и нашиот најдобар репрезентативец Калин Ивановски.

Очекуваме извонредни тениски мечеви, јака конкуренција и неизвесност во финалето.

Официјалната програма започнува во сабота на 20ти мај со извлекување на ждреб. Квалификациите се играат во недела 21ви мај, а од понеделник започнува и главниот турнир.

Ги покнуваме сите љубители на тенисот да дојдат и да гледаат врвен тенис, ретка шанса како никогаш до сега.

Влезот е слободен за сите.

 

 

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани