Четири меча останаа до крајот на женскиот фјучрс турнир во Скопје „Триглав опен“. Денеска на програмата се полуфиналните мечеви во сингл и финалето во конкуренција на двојки. Мечевите ќе се играат на Централниот терен на ТК Југ, а секако ова е убав можност да се види и најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, која ќе „брка“ финале против Ива Приморац од Хрватска.
Програмата стартува во 10 часот со мечот меѓу Јустина Микулските од Литванија (9.носителка) и Дејана Радановиќ од Србија (14.носителка), а веднаш потоа, но не пред 11:30 часот е мечот на Лина Ѓорческа од Македонија (4.носителка) против Ива Приморац од Хрватска, единствената од полуфиналистките која не е носителка. Досега двете тенисерки имаат одиграно три меча (земјена подлога) и во сите три победи има извојувано Ѓорческа против 27-годишната Приморац.
Меѓусебни мечеви Ѓорческа – Приморац:
Загреб 60 2023 година – (1.коло): Ѓорческа – Приморац 2-0 (61 61)
Штутгарт-Ваихинген 2016 година – (2.коло): Ѓорческа – Приморац 2-0 (62 63)
Анталија 2014 година – 1/4 финале: Ѓорческа – Приморац 2-0 (64 63)
По завршувањето на второто полуфинале ќе се игра финалето во игра на двојки каде првите носителки Јустина Миклуските заедно со Жибек Куламбајева од Казахстан ќе играат против Јапонките Рина Саиго и Јукина Саиго.
Влезот е слободен.
ФОТО: Игор Паневски