Елитен женски тенис во Скопје: Започнува Billie Jean King

June 30, 2022

Billie Jean King Купот 3та група Европа/Африка започнува во вторник на 4 јули на терените на тенискиот клуб „Југ“ во Градскиот парк. Billie Jean King (поранешен Фед Куп) во Групата 3 од Евроафриканската зона ќе трае до сабота 9 јули. Земјата победник на овој куп ќе добие шанса да биде промовирана во Група 2 од Евроафриканската зона.

На Купот Billie Jean King ќе земе учество нашата најдобра тенисерка на сите времиња, Лина Ѓорческа, како и Магдалена Стоилковска, која и претходно има настапувано како македонска претставничка на купот. Покрај нашите тенисерки, на купот ќе земат учество и повеќе тенисерки од различни земји во светот, како Португалија, Албанија, Ирска, Конго, Јужна Африка и други.

Овој куп има богата историја во женскиот тенис и важи за елитен турнир во женска конкуренција. Тој е именуван по познатата тенисерка Били Џин Кинг, поранешна бр. 1 на светската ВТА листа. Купот Били Џин Кинг е најголемото сезонско женско меѓународно екипно спортско натпреварување според бројот на нации што се натпреваруваат.

За тоа што значи овој куп за нашите тенисерки и за женскиот тенис на светско ниво погледајте го разговорот со претставничките на нашата тениска репрезентација – Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска,  линк

Ги покануваме сите љубители на тенисот да ги посетат натпреварите од вторник до сабота и да ја дадат својата поддршка за нашата женска репрезентација.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани