Првиот носител на Челинџер 75 турнирот Macedonian Open 2023 Азиз Дугаз од Тунис е елиминиран откако во четвртфиналето загуби од квалификантот Мате Валкуж од Унгарија со 2-0 во сетови (6:1и 6:1). Инаку Дугаз претходно во продолжение на прекинатиот меч од вчера го победи Филип Јиану од Романија од 2-1 во сетови, а Валкуж истотака во продолжението од прекинатиот меч го совлада Сумит Нагал од Индија со 2-1 во сетови.
Противник на Валкуж во полуфиналето утре ќе му биде Драгош Мадарас од Шведска (4 носител), кој со 6:3 во двата сета го победи Алескандер Веис од Италија.
Вториот носител Евгениј Донској без поголеми проблеми го победи Џерар Кампана Ли со 2-0 во сетови (6:4 и 6:2) и во полуфиналето ќе игра против Франциско Комесана од Италија, кој пак на убелив начин беше подобар од Оливиер Крафорд од САД со 2-0 во сетови (6:4 и 6:1).
Полуфиналните мечеви на програмата се утре.
Фото: Игор Паневски