Елиминиран првиот носител на Macedonian open

May 20, 2024

Првиот носител на годинашново издание на Macedonian Open 2024 Чун Сен од Тајпех загуби од шпанскиот тенисер Николас Алварез Варона (фотографија) со 2-0 во сетови (62 64). Ова воедно е првото изненадување на мечевите од главниот турнир. Турнирот заврши и за осмиот носител Готие Онцлин од Белгија, кој загуби во два сета од Камил Мајчрзак од Полска.

Од носителите денеска на терените на ТК Југ во Градски парк се појавија и петтиот Макс Касниковски од Полска, кој играше маратонски меч со Орландо Луж од Бразил. Мечот беше прекинат во третиот сет при резултат 1-1 во сетови (двата завршени во тај брејк) и во третиот сет при водство од 4:2 во гемови Луж го предаде мечот.

Филип Кристина Жиану од Романија со два сета го совлада Италијанецот Федерико Чина со 2-0 во сетови.

Младиот хрватски тенисер Матеј Додиг го совалда Алексис Готие од Франција со 2-0 во сетови, додека Жерар Кампана Ли од Кореја го совлада Британецот Џеј Кларк со 2-1 во сетови.

Од денешната програма беа одиграни и финалните мечеви од квалификациите, а пласман на главниот турнир изборија: Лука Микрут (Хрватска), Неил Оберлајтнер (Австрија), Рајан Сигеран (САД), Сергеј Фомин (Узбекистан), Јохан Никлес (Швајцарија) и Николоз Басилашвили (Грузија).

ФОТО: ИГОР ПАНЕВСКИ

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани