Единаесет македонски тенисери ќе бидат дел од турнирот во двојки на фјучрсот во Скопје, а вкупно пет македонски комбинации ќе се појават во првото коло. Единствено Обрад Марковски во двојки ќе настапи со хрватскиот тенисер Вито Тонејц, а во ниту еден меч нема да има дуел на македонски тенисери во првото коло.
Бесир Дургути и Томислав Јотовски ќе играат против Британците Голсворти и Мекинли, Елдин Хусеиновиќ и Марко Стоилковски за ривали ја имаат грчко-перуанската комбинација Скинас – Шуберт. Шендрит Деари и Стефан Мицов за ривали ги имаат 4.тите носители Мирза Башиќ и Миљан Зекиќ, додека Амар Хусеиновиќ и Филип Стојановски ќе играат против грчките тенисери Антонопулос и Ксилас.
Македонскиот дубл Калин Ивановски и Берк Бугариќ за ривали ги добија вторите носители Французите Саша Гимар Вајенбург и Антоан Оанг.