Вкупно 63 тенисери ќе играат од утре (недела) во квалификациите на фјучрсот што ќе се игра на терените на ТК Југ во Скопје. Од нив 11 се македонски играчи, кои ќе бидат предводени од искусните Тоислав Јотовски и Стефан Мицов, додека другите се пред се млади тенисери. Дарко Колевски, Борјан Стефановски, Давид Шаврески, Андреј Тасевски, Петар Пројковски, Андреј Саздовски, Марио Тодоровски, Филип Атанасовски и Кихаил Кусески.
Во три меча од првото коло од квалификациите ќе меѓусебе ќе играат македонски тенисери.
Двојки на македонски играчи во првото коло од квалификациите:
Стефан Мицов (2, носител) – Борјан Стефановски / терен број 5
Томислав Јотовски (3) – Павел Гула (Словачка) / терен бр. 5
Дарко Колевски – Идс Ватерболк (Холандија) / терен бр. 5
Андреј Саздовски – Марио Тодоровски / терен бр. 5
Давид Шаврески – Ричард Антони (Германија) / терен бр. 6
Андреј Тасевски – Петар Пројковски / терен бр. 8
Филип Атанасовски – Умберто Мариа Џиованини (Италија) / терен бр.8
Михаил Кусески – Доминик Граф (9, Германија) / терен бр.8
Од квалификациите осум тенисери ќе се пласираат на главниот турнир.
Во рамките на првото коло од квалификациите ќе се играат вкупно 31 меч, а ќе се играат на шест терени. Почетокот на сите мечеви е во 9 часот.