ДП екипно: Пионтер по голема борба се избори за финале со Југ

July 17, 2024

Тенисерите на Поинтер по голема борба и со пресврт, откако го добија мечевите во двојки изборија победа од 4:3 против МТП во дуелот од 3.коло од групата 2 и со тоа го освоија првото место. Воедно со овој резултат се изборија за реприза на ланското финале против актуелниот првак Југ, кој денеска во дуелот од 3.коло од група 1 постигна победа од 5:0 против Неготино.

Во вториот дуел од групата 2 Битола оствари триумф од 4:0 против Мондано и го освои третото место во групата.

Група 1 – 3.коло:

ЈУГ – НЕГОТИНО    5:0

Петар Нестеров – Стефан Мицов  2:1 (57 62 64)

Димитар Грабул – Иван Манасов   2:0 (75 62)

Шендрит Деари – Андреј Тасевски   2:0 (60 60)

Берк Бугариќ – Васко Здравкин (60 20 – предаде Здравкин)

Филип Стојановски –  Елведин Пепиќ  2-1 (46 63 10-8)

Група 2 – 3.коло:

ПОИНТЕР – МТП   4:3

Михаил Кусески – Амар Хусеиновиќ    1:2 (26 76 26)

Марко Стоилковски – Елдин Хусеиновиќ 1:2 (46 63 36)

Горазд Србљак – Салидин Рама       2:0 (62 62)

Обрад Марковски – Грегор Стојнев   2:0 (60 60)

Петар Џугоманов – Виктор Сушелски 0:2 (26 36)

Кусески/ Србљак – А.Хусеиновиќ/Е.Хусеиновиќ   2:0 (64 64)

Марковски/ Стоилковски – Игор Андоновски/ Дамјан Домазетовски  2:0 (46 63 10-8)

БИТОЛА – МОНДАНО   4:0

Виктор Поповски – Бодан Трпески 2:1 (46 63 10-3)

Марио Тодоровски – Бојан Трајков неодиграно

Јулијан Мрга Трифуновски – Филип Митевски предадено Митевски

Иван Ѓуричиќ – Петар Дуљанов 2:0 (63 63)

Боби Божиновски – Стефан Мијушковиќ 2:0 (64 63)

Утре (четврток) се играат два дуела, во финалето за шампионскиот пехар ќе се борат Југ и Поинтер, додека во дуелот за 3.место ќе играат Неготино и МТП. Почетокот на мечевите е во 9 часот, а се игра на терените на ТК Југ во Градски парк.

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани