По одигрувањето на мечевите од Државното екипно првенство на терените на ТК Југ во Градски парк ќе продолжат тениските возбудувања со мечевите во поединечна конкуренција од Државното првенство. Шампионската титула ќе ја брани најискусниот – ланскиот првак Димитар Грабул, кој е рангиран и како прв носител во ждребот. Во првото коло покрај него слободни ќе бидат: Стефан Мицов (втор носител), Шендрит Деари (трет носител), Иван Манасов (четврти носител) и Амар Хусеиновиќ (петти носител).
Во првото коло ќе се одиграат 11 мечеви, а двојките се (распоред на мечевите по терени):
терен број 5
Дарко Колевски – Елведин Пепиќ
Кристијан Јанев (8) – Филип Стојановски
Виктор Сушелски – Андреј Тасевски (6)
терен број 6
Дамјан Домазетовски (7) – Петар Џугоманов
Берк Бугариќ – Стефан Новковски
Андреј Сазовски – Јулијан Мрга Трифуновски
терен број 7
Матеј Попов – Бодан Трпески
Максим Тренски – Боби Божиновски
Михаил Кусески – Огнен Павловски
терен број 8
Максимилијан Алексовски – Елдин Хусеиновиќ
Игор Андоновски – Иван Ѓуричиќ
Почетокот на мечевите е во 8 часот, а во попладне по 16 часот ќе се одиграат и мечевите од второто коло. Во сабота ќе стартуваат и мечевите во конкуренција на двојки.
Во сабота ќе стартуваат и мечевите кај девојките, а шампионската титула ја брани Теона Андова (прва носителка), додека ланската финалистка Ива Данева е рангирана како втора носителка.