Македонската Дејвис куп репрезентација денеска го игра клучниот меч од Б групата во рамките на Третата Европска зона на Дејвис купот. Во 3.коло Македонија во Ларнака игра против домаќинот Кипар. Ова е директен дуел за второто место во групата откако Молдавија во првите две кола постигна две победи над Кипар и Македонија, кои пак имаат скор 1-1. Победникот од мечот утре ќе игра во второпласираната селекција од групата А (најверојатно Црна Гора) за влез во Втората Светска зона.
Поразениот од овој дуел утре ќе игра меч за опстанок со третопласираната репрезентација од групата А (најверојатно Сан Марино) и победникот ќе остане во Третата зона. Кипар по стартниот пораз од Молдавија вчера ја победи Малта, а победите ги донесоа Менелаос Ефстатиу (911 место АТП листа) и Стилианос Христодулу (1169 место на АТП), како и дублот Сергис Кирацис (1075 во двојки) и Елетериос Неос (1524 во двојки). Неизвесно е во кој состав ќе настапи македонската репрезентација.
Досега имаме одиграно два меч со Кипар – 2018 година во Бугарија имаме победа од 2:0 и 2002 година пораз во Полска со 2:1. Двата меча се играни од Третата Евро-африканска зона.
Почетокот на првиот меч е во 9.30 часот по македонско време.