Македонската Дејвис куп репрезентација забележа победа против Косово со 2-0 во мечот за опстанок во Третата Европска зона што се игра во Улцињ и со оваа предност го добива мечот и со тоа обезбедува опстанок во оваа зона. До двата поена Македонија стигна по двете сингл победи.
Во првиот меч Берк Бугариќ го совлада Мал Агуши со 2-0 во сетови (62 61) за 1 час и 32 минути игра. Во првиот сет по 1:1 во гемови, Бугариќ направи серија од четири гема за водство од 5:1 и водство кое беше тешко достижно за противникот. Во вториот сет Агуши поведе со 1:0, но потоа следуваше серија на Бугариќ од шест гема што значеше водство на Македонија од 1-0 во мечот.
Во вториот меч Шендрит Деари поведе против Јасин Јакупи со 1-0 во сетови откако го доби првиот сет со 6:4 во гемови. Деари поведе со 4:0, но ривалот успеа да изедначи на 4:4, сепак завршницата на сетот му припадна на Деари кој ги освои двата гема. Во вториот сет Јакупи поведе со 4:0 во гемови, а Деари само успеа да освои еден гем, иако некои од гемовите се играа и по повеќе од 15 поени. Во решавачкиот сет Деари имаше пет брејка од шест можности, а Јакупи 3 од 6. Во гемот каде имаше повеќе брејк гемови, единствениот гем на свој сервис го освои Деари (четвртиот гем) за водство од 3:1 и таа предност се покажа како решавачка за да го добие мечот и со тоа да го донесе вториот поен за Македонија. Мечот траеше 2 часа и 5 минути.
Мечот во двојки нема да се игра.
На мечевите во Улцињ Македонија забележа две победи над Словенија 2-1 и против Косово со 2-0, додека поразот од Црна Гора во првиот меч од 0-3 ја спречи нашата репрезентација да се бори за пласман во повисок ранг.