ДК: Косово последен противник на Македонија

June 22, 2024

Дејвис куп репрезентацијата на Македонија денеска го игра последниот меч во Улцињ од годинашново издание на Третата Европска зона од Дејвис купот. Македонија вчера беше слободна во А групата, а со триумфот на Словенија над Црна Гора вчера од 2-1, нашата репрезентација го освои третото место во групата поради послабиот скор во меѓусебните дуели, бидејќи трите репрезентации имаа ист скор 1-1 (победа-пораз).

Црна Гора го освои првото место, Словенија е втора, а Македонија трета и во денешениот меч со Косово играме за опстанок.

Денешниот наш ривал вчера во мечот за третата позиција во групата Б забележа победа над Азербејџан со 2-1, а во првите две кола загуби од Кипар и од Молдавија со по 3-0.

Црна Гора и Кипар како првопласирани од групите обезбедија „промоција“ (влез) во Втората Евро-африканска зона, додека второпласираните од групите Словенија и Молдавија денеска играат бараж за „промоција“, додека Азербејџан следната година ќе игра Четвртата Европска зона.

РАСПОРЕД МЕЧЕВИ / МАКЕДОНИЈА – КОСОВО

прв меч: Берк Бугариќ – Мал Агуши (прв сингл)

втор меч: Шендрит Деари – Јасин Јакупи (втор сингл)

трет меч: Берк Бугариќ, Амар Хусеиновиќ – Флорент Лимани, Вулнет Таши (двојки)

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани