По успешно минатите квалификации македонскиот тенисер Шендрит Деари се избори за пласман на главниот турнир на фјучрсот во Пазарџик, Бугарија. Деари постигна две победи во квалификациите и утре во мечот од првото коло ќе игра против Дамиен Вегнер од Швајцарија. Вегнер (23 години) е рангиран како носител број 4 на турнирот и се наоѓа на 398.место на АТП листата.
Деари во првото квалификациско коло беше слободен, а во второто го победи Петер Караџиев од Бугарија со 2-0 во сетови (63 60). Во финалното коло од квалификациите го совлада првиот носител од квалификациите Валентин Ванта од Романија со 2-1 во сетови. Првиот сет го доби Ванта со 6:2 во гемови, а во вториот беше 6:4 за Деари. Во решавачкиот сет Деари беше убедлив и со 10-3 на поени избори учество на главниот турнир.