Шендрит Деари не успеа да се пласира на главниот тунир на фјучрсот во Пазарџик, Бугарија што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Тој загуби во последното коло од квалификациите од домашниот тенисер Михаил Иванов (втор носител) со 2-1 во сетови (06 63 и 10-8 на поени). Мечот траше 1час и 15 минути.
Деари откако го доби првиот сет со 6:0, следниот гоз агуби со 6:3 во гемови и мечот се решаваше во третиот сет на поени. По 4:4 Иванов направи серија од три поени за 7:4 што се покажа клучно бидејќи Деари успеа само да ја намали предоста и сетот заврши со 10-8 на поени.
Инаку, македонскиот тенисер во првото коло беше слободен, а во второто квалификациско коло го победи Јавор Томов со 2-0 во сетови (63 62).