Деари загуби во првото коло на фјучрсот во Нови Сад

July 26, 2023

Шендрит Деари не успеа да го продолжи натпреварувањето на фјучрс турнирот во Нови Сад откако денеска во мечот од првото коло загуби од Србинот Виктор Јовиќ со 2-0 во сетови (61 64). Деари, кој пред десетина дена беше финалист на Државното првенство со трите победи во квалификациите се избори за учество на главниот турнир, но сепак противникот денеска беше подобар.

Првиот сет по водството на Деари од 1:0 во гемови заврши со 6:1 за Јовиќ, кој имаше шест освоени гемови и водство од 1:0 во сетови. Во вториот сет решавачки беа двата први гема и брејкот кој го направи српскиот тенисер (ја продолжи серијата – осум гема во низа) за водство од 2:0. Таа предност од два гема ја имаше до крајот на сетот, кој заврши со 6:4 во гемови.

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани