Деари елиминиран во првото коло на фјучрсот во Бугарија

October 4, 2023

Шендрит Деари по успешно минатите квалификации на фјучрсот во Пазарџик, Бугарија не успеа да ја мине првата пречка на „главниот турнир“. Тој денеска загуби од четвртиот носител Дамиен Венгер од Швајцарија со 2-0 во сетови (63 62) за 1 час и 19 минути игра. Поголемиот број брејк топки во мечот му ја донесоа победата на швајцарскиот тенисер, кој имаше 4 брејка од 8 можности, додека Деари имаше 1/2.

Првиот сет почна со водство на Венгер од 3:0 (имаше еден брејк), но потоа Деари намали на 3:2 со брејк (единствениот) во петтиот гем. Но, противникот во следниот гем повторно ја врати предноста и потоа поведе и со 5:2 што беше и најава на освојување на првиот сет, кој заврши со 6:3 во гемови. Во вториот сет Венгер веднаш направи брејк, а потоа и во петтиот гем го одзема сервисот на Деари за водство од 4:1 со што го доби сетот со 6:2 во гемови.

Инаку, Деари во квалификациите ги победи Петар Карџиев од Бугарија и Валентина Ванта од Романија.

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани