Шендрит Деари го заврши настапот на фјучрс турнирот во Куршумлијска Бања. Тој откако забележа три победи во квалификациите денеска во мечот од првото коло загуби од Ромеро Хаџимехмедовиќ од Србија со 2-0 во сетови (63 76(3)).
Двата сета имаа различен тек. Во првиот Хаџимехмедовиќ имаше постојано водство од еден гем до 4:3 во сетот кога направи брејк за 5:3 и сетот го заврши со 6:3. За разлика пак во вториот сет Деари имаше водтсво од 2:0, но противикот направи серија од 4:1 за водство од 4:3, а потоа водеше и со 5:4. Сепак Деари успеа да дојде до предност откако освои два гема и поведе со 6:5, но не успеа да го освои сетот откако противникот изедначи на 6:6, а потоа го доби и брејкот со 7:3 на поени.