Со две турнирски победи во сингл и во двојки младиот македонски тенисер Андреј Темов ги заврши настапите на трунирот за играчи до 12 години што изминатата недела се играше на терените на МТП во Скопје (категорија 2). Ова воедно претставува само продолжување на успешните настапи на младиот тенисер, кој пред неколку дена имаше успшени настапи и на турнир во Тирана.
Во поединечна конкуренција Темов без загубен сет стигна до турнирска победа, а идентичен беше резултатот и во конкуренција на двојки. Младиот Андреј во финалниот меч го совлада Даниел Васев од Бугарија со 2-0 во сетови (64 62), а во полуфиналето го совлада Мајк Темос од Грција со 2-0 (63 62), додека во четвртфиналето го совлада Стефан Николеску од Романија со 2-0 (61 63).
Во мечевите во група заврши како првопласиран во конкуренција со Александре Спанос од Грција и Михаел Иванов од Бугарија.
Во игра на двојки заедно со Василиј Заковски во финалето Џонатан Корен од Израел и Алекса Стевиќ од Србија со 2-0 во сетови (63 61).
Турнирот беше убава можност македонските млади тенисери да одиграат мечеви со врсниците од неколку европски држави.
Оваа недела во Скопје се одржува уште еден турнир за тенисери и тенисерки до 14 години на терените на ТК Југ.