Двоен триумф на Алексовски во Пеќ

August 23, 2024

Успешен настап на турнирот во Пеќ имаше македонскиот тенисер Марко Алексовски, кој оствари двоен триумф победувајќи во сингл и во конкуренција на двојки. Одличните настапи беа надополнети и со триумфот на македонските тенисерки во конкуренција на двојки кај девојќињата – Анастасија Арсовска и Лина Николовска се победнички.

Турнирот се играше во Пеќ (за тенисери и тенисерки до 14 години) и беше од рангот категорија 3.

Алексовски на патот до победничкиот пехар откако беше слободен во првото коло, во второто неговиот ривал Ерион Призрени од Косово го предаде мечот, а во четвртфиналето го победи Пол Вимер од Германија со 2-0 во сетови (61 63). Во полуфиналето беше подобар од Алекс Прифти од Албанија со 2-0 (61 61), додека во финалето го победи Димитрије Глигоров од Србија со 2-0 во сетови (64 62). Токму Србинот Глигоров беше причината да нема македонско финале бидејќи во полуфиналето по голема борба го совлада Александар Грујиќ.

Во женска конкуренција Арсовска – Николовска во финалето ги победија тенисерките од Црна Гора Ања Адамовиќ и Ева Ангелина Родоман со 2-1 во сетови (16 60 10-6 на поени). Арсовска во поединечна конкуренција стигна до полуфиналето.

На турнирот од Македонија настапија уште: Александар Грујиќ, Марко Божиноски, Јулијан Мрга Трифуновски, Марин Стефановски, Алексеј Стојановски и Селим Јулдиз.

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани