Младиот македонски тенисер Андреј Темов имаше успешен настап на турнирот за играчи до 12 години што сеиграше во Тирана од категорија 1. Тој во двете конкуренции успеа да стигне до полуфиналето.
Во поединечна конкуренција Темов во групата беше убедлив и постогна три победи од 2-0 во сетови и притоа во трите меча загуби само пет гема, а постигна победи на Кутлу и Атај од Турција и Христакиев од Бугарија. Во четвртфиналето малиот Андреј го совлада Енцо Гарсија од Франција со 2-0 во сетови (75 62), додека во полуфиналето загуби од Стелијан Даракев од Бугарија со 2-0 во сетови (64 62), кој потоа го освои и турнирот.
Во конкуренција на двојки Темов со Алексеј Имамутдунов од Русија во неизвесен меч го загубија полуфиналето од Марк Фулвуд (Велика Британија) и Александре Спанос од Грција со 2-1 во сетови (64 46 10-5).