Две македонски репрезентации на Македонија во младински категории во следните три дена ќе имаат настапи на европски натпреварувања (European Summer Cups) во рамки на одделни групи. Машката репрезентација за тенисери до 18 години ќе настапи во Пјештани, Словачка. Репрезентацијата ја предводи државниот капитен Круно Деспотовски, а пријавени се играчите: Амар Хусеиновиќ, Филип Стојановски и Марко Стоилковски.
Во првото коло Македонија ќе игра утре (среда) против вториот носител во групата селекцијата на Србија. Во другите два меча ќе играат Турција – Словачка и Босна И Херцеговина – Украина. Како прв носител слободна е Шпанија.
Женската репрезентација за тенисерки до 16 години ќе настапат во Бистрица, Романија. Репрезентацијата ја предводи Таља Стојановска, а за Македонија ќе настапат Катја Ивановска, Јана Божиновска и Ана Митеска.
Во првото коло Македонија утре (2.август) ќе игра против домаќинот Романија, додека во другите дуели ќе играат: Србија – Грузија, Италија – Украина и Холандија – Унгарија.
И на двете првенства мечевите се играат по принципот: два сингл меча, па потоа мечот во двојки.