Македонската тенисерка не успеа да се пласира во полуфиналето од ИТФ фјучрсот во Селва Гардена, Италија откако во четвртфиналето загуби од 16-годишната Американка Тајра Грант со 2-1 во сетови (16 76(5) 76(1)) за 160 минути игра.
Ѓорческа одлично го почна мечот и поведе со 1-0 во сетови откако првиот сет го доби на убедлив начин со 6:1 во гемови. Лина имаше водство и во вториот сет од 4:1 во гемови, но Грант успеа да се избори за тај брејк. Во 13-тиот гем Американката имаше водство од 4:0 и 5:2 во поени, но Ѓорческа успеа да изедначи на 5:5. Сепак следните два поена го освои Грант за 7:5 и 1-1 во сетови.
Вистинска драма и борба имаше во решавачкиот трет сет. Ѓорческа поведе со 2:0 и 3:1 во гемови, но Американката успеа да направи пресврт и поведе со 4:3. По голема борба во 9.тиот гем и 18 одиграни поени Ѓорческа го доби гемот и поведе со 5:4 и во следниот гем беше на сервис. Во следниот гем нашата тенисерка имаше и меч топка, но не ја искорист и повторно сетот се решаваше во тај брејкот, кој Грант го доби со 7:1 на поени.
Лина Ѓорческа ја очекува уште еден турнир во Италија, таа е пријавена на фјучрсот во Ортисеи.