Грабул поуспешен од Јотовски во четвртфиналето на ДП

July 14, 2023

Повеќекратниот шампион на Македонија Димитар Грабул во најинтересниот меч од четвртфиналето од Државното првенство го победи актуелниот првак Томислав Јотовски со 2-0 во сетови (63 75) и успеа да се пласира во полуфиналето. По добиениот прв сет и 3:3 во вториот сет, Грабул испушти шанса побрзо да го освои вториот сет. Во тој дел од играта и Јотовски имаше неколку добро одиграни поени, но сепак Грабул во завршницата од сетот освои неколку важни поени и сетот го заврши 7:5 во гемови. Негов ривал во следната рунда ќе му биде Иван Манасов, кој со 2-0 во сетови (63 64) го победи Бесир Дургути (4, носител).

Првиот носител Стефан Мицов без поголеми проблеми го совлада Дејвис куп репрезентативецот на Македонија Амар Хусеиновиќ со 2-0 во сетови (62 62), додека неговиот ривал во полуфиналето Шендрит Деари беше уште подобар во реализацијата и на противникот Борјан Стефановски (6 носител) му препушти само два гема (61 61).

Во полуфиналните мечеви кај девојките имаше могу повеќе игра и двата меча завршија со 2-1 во сетови. Изненадување приреди Теона Андова која ја победи актуелната шампионка и репрезентативка на Македонија Александра Симева со 2-1 (26 61 62) и со тоа ја прекина низата на Симева од пет финалиња на ДП. Во второто полуфинале репрезентативката на Македонија Ива Данева (ланска финалистка и шампионка од 2021) ја победи Ивана Кузманоска со 2-1 (64 16 62).

Финалето во женска конкуренција на програмата е утре (сабота).

Резултати 1/4 финале – мажи:

Распоред на мечеви по терени – петок (14.јули):

Стефан Мицов (1) – Амар Хусеиновиќ  62 62

Димитар Грабул (5) – Томислав Јотовски (2) 63 75

Иван Манасов (8) – Бесир Дургути (4)  63 64

Шендрит Деари – Борјан Стефановски (6) 61 61

Резултати полуфинале – жени:
Теона Андова (4) – Александра Симева (1) 26 61 64
Ива Данева (2) – Ивана Кузманова (3) 64 16 62

Резултати полуфинале – двојки мажи: 

Манасов, Колевски (1) – Мицов, Ристовски (4)  63 64

Хусеиновиќ А., Хусеиновиќ Е. (2) – Стоилковски, Кусески (3)   63 64

Распоред за сабота (15.јули):

Терен број 5: 

Стефан Мицов – Шендрит Деари

Теона Андова – Ива Данева

Манасов, Колески – Хусеиновиќ А., Хусеиновиќ Е.

Терен број 8:

Иван Манасов – Димитар Грабул

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани