Димитар Грабул и Шендрит Деари ќе играат во утрешното финале на Државното првенство откако во денешните полуфинални дуели ги совладаа своите противници. Во полуфиналето Грабул (5,носител) беше убедлив и ја потврди фаворитската улога против Иван Манасов (8,носител) и славеше победа со 2-0 во сетови (60 61). Поголема неизвеснот имаше во мечот меѓу првиот носител Стефан Мицов и Шендрит Деари, кој мечот го доби со 2-0 во сетови (62 64).
За Грабул ова ќе биде 13.то финале на Државното првенство од 2001 година, а прво по пауза од четири години. Грабул во периодот од 2014 до 2019 година (шест години) играше шест финални мечеви првите три ги доби, следните три ги загуби.
Шендрит Деари ќе го игра своето 6.то финале, а единствената титула ја има во 2008 година, додека на следните четири финални мечеви (2009,2010,2011,2013) беше поразен.
Последниот меч на Државно првенство финалистите од оваа сезона Деари и Грабул го одиграа 2016 година кога во полуфиналето Грабул победи со 2-0 во сетови (61 62).
Финалниот меч се игра во недела, а почетокот е во 9.30 часот.
Денеска во финалето во двојки Амар Хусеиновиќ и Елдин Хусеиновиќ (втори носители) ги победија Иван Манасов и Дарко Колески (први нсоители) со 2-0 во сетови (64 61).