Второ финале за македонската тенисерка во 2023 година

May 20, 2023

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да оствари победи во полуфиналето на фјучрсот во Куршумлијска Бања. Таа со 2-0 во сетови (6:4 и 6:2) за 101 минута ја совлада Романката Кристина Дину, во нивниот петти меѓусебен дуел и сега води со 3:2 во победи. Оваа победа за Ѓорческа значи второ финале во 2023 година, по тоа што го играше во јануари годинава во Талин, каде загуби од Јанина Викмајер.

Македонската тенисерка имаше целосна контрола над резултатот во текот на целиот меч. Во првиот сет брејк направи на стартот од мечот и поведе со 2:0 во гемови што беше и решавачко за 6:4 во првиот сет. Во вториот нашата тенисерка поведе со 4:0 и таа предност ја зачува и сетот го заврши со 6:2, притоа во осмиот гем спаси две брејк топка (Дину во текот на целиот меч имаше вкупно три). Ѓорческа направи три брејка од осум можности во мечот.

Таа утре во финалето ќе игра против Русинката Јулија Авдеева (20 години, 467.место ВТА листа), која во првото полуфинале ја победи Жибек Куламбајева од Казкстан со 2-0 во сетови (6:2 и 6:2).

 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани