Пласман во второто коло на фјучрсот во Куршумлијска Бања, Србија обезбеди македонската тенисерка Магдалена Стоилковска. Таа во мечот од првото коло ја елиминира носителката број 6 Бабина Дадациу од Романија. Мечот траеше само 34 минути откако Романката Дадациу го предаде мечот откако Стоилковска на убедлив начин го доби првиот сет со 6:1 во гемови.
Во следната рунда македонската тенисерка ќе игра со победничката од мечот меѓу квалификантката Манца Пислак од Словенија и Арина Булатова од Русија.
Стоилковска е пријавена и за турнирот во двојки каде заедно со Дадациу треба да играат против српско-романската комбинација Јована Грујиќ и Паула Михаела Орница.
На машкиот турнир во Куршумлијска Бања утре мечевите од првото коло ќе ги играат и двајца македонски тенисери Горазд Србљак и Обрад Марковски.