Во организација на Тениската федерација на Македонија изминативе денови се одржа курс за тренери на ниво Играј Тенис (Play Tennis course). Курсот беше организиран според програмата на ТФСМ и на Интернационалната Тениска федерација (ITF).
Kурсот го следеа 8 кандидати, а по завршувањето на курсот кандидатите успешно го минаа и тестирањето и добиените задачи и со тоа се стекнаа со потребниот сертификат, кој е признаен од ТФСМ и од ITF.
Тутор на курсот беше Димитар Лабудовиќ – ITF тутор за Play tennis, воедно и селектор на женската ФЕД куп репрезентација на Македонија.