Во сабота стартуваат дуелите од Македонската лига

July 7, 2023

Од сабота до вторник ќе се играат мечевите од Државното првенство во Македонската лига. Пријавени се седум екипи кои се поделени во две групи (со три и со четири екипи). Победниците од групите во вторник ќе го играат финалето односно мечот за шампионската титула, додека второпласираните од групите ќе играат за третото место. Од сабота до понеделник ќе се играат дуелите од групите и ќе бидат одиграни три кола.

Во групата 1 се екипите: Југ од Скопје, Мак Тенис Про (МТП) од Скопје и Битола од Битола.

Во групата 2 се екипите: Поинтер од Скопје, Неготино од Неготино, Тумба од Куманово и Црна Река од Кавадарци.

Во првото коло во сабота (08.јули) играат: Југ – Битола, Поинтер – Црна Река и Неготино – Тумба.

Во второто коло во недела (09.јули) двојките се: МТП – Битола, Поинтер – Тумба и Неготино – Црна Река.

Трето коло понеделник (10.јули) двојките се: Југ – МТП, Поинтер – Неготино и Тумба – Црна Река.

Се очекуваат секако интересни мечеви особено што покрај македонските играчи кои се пријавени, екипите кои претендираат за финалето имаат и играчи од странство.

Во составот на Југ се наоѓаат: Томислав Јотовски, Бесир Дургути, Шендрит Деари, Калин Ивановски, Берк Бугариќ, Дарко Колевски, Димитар Грабул, Филип Стојановски, Александар Трифунивски, како и тенисерите од Буграија Петар Нестеров и Габриел Донев.

За тимот на Неготино се пријавени: Миљан Зекиќ (Србија), Симон Иванов (Бугарија), Лука Павловиќ (Франција), Данило Петровиќ (Србија), Лазар Раденковиќ (Србија), Стефан Мицов, Иван Манасов, Александар Богевски, Кире Лазов, Павле Јованов, Димитар Ристовски и Васко Здравкин.

Состав на МТП: Елдин Хусеиновиќ, Амар Хусеиновиќ, Андреј Милевски, Петар Принговски, Дамјан Домазетовски, Матеј Попов, Грегор Стојнев и Борјан Стефановски.

За тимот на Поинтер ќе настапат: Горазд Србљак, Обрад Марковски, Марко Стоилковски, Максимилијан Алексовски, Петар Џугоманов, Михаил Кусески и Илија Мартиноски.

Состав на Тумба: Виктор Димитриевски, Виктор Петрушевски, Ацо Латиновски, Далибор Димковски, Славко Саздовски, Марко Димковски, Јован Додевски и Кристијан Тодоровски.

За тимот на Црна река пријавени се: Лазар Мицев, Благој Темелков, Златко Блажевски, Гане Јосев, Душан Јовановски, Владимир Аранѓеловиќ (Србија), Даниел Огненовски и Дарко Костески.

Тимот на Битола го сочинуваат следниве играчи: Боби Божиновски, Виктор Поповски, Љубен Донески, Даниел Станковски, Коча Бошку, Владимир Аницинов, Златко Павловски и Јованчо Павловски.

Титулата првак на Македонија ја брани тимот на Југ.

Мечевите утре (сабота) почнуваат во 9.30 часот и се играат на терените на ТК Југ.

Комплетните составите на екипите и распоредот можете да ги погледнете на следниот линк. 

© Тениска Федерација на Македонија - Сите права задржани