Женската репрезентација на Македонија го загуби вториот меч од А групата од Били Џин Кинг Втора Евро-африканска зона што се игра во Вилнус, Литванија. Македонските тенисерки денеска ги загубија трите меча од ривалките од Хрватска, кои важат за фаворитки во оваа зона од причина што минатата година испаднаа од Првата зона и посакуваат експресно враќање, додека Македонија имаше промоција од Третата Европска зона во Втората Евро-африканска.
Во првиот меч Магдалена Стоилковска загуби Леа Бошковиќ (214 ВТА листа) со 2-0 во сетови. Во првиот сет по голема борба Бошковиќ го доби сетот со 7:5 во гемови, додека во вториот сет беше 6:2 за тенисерката од Хрватска. Во вториот меч Лина Ѓорческа почна добро и поведе со 1:0 во сетови откако го доби сетот со 7:5 во гемови против Антонија Ружиќ (210 ВТА листа). Но, во следните два сета хрватската тенисерка беше поуспешна со 6:2 во двата сета што значеше 2-1 во сетови и водство од 2:0 и воедно победа за Хрватска.
Кога победникот беше познат селекторот Димитар Лабудовиќ во двојки им даде шанса на нашите млади тенсиери Ива Данева и Ана Митевска, кои загубија со 2-0 во сетови од Ива Примирац и Леа Бошковиќ.
Македонија го освои второто место во групата и ќе разигрува за пласман од 4-6.место, а противничките и распоредот на мечевите во следните денови ќе биде познат по завршувањето на мечевите во сите групи.